Скопјанка измамена од непознати лица: Ѝ рекла дека ќерка и прегазила дете и понудиле помош, па и барале 50.000 денари

 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 18:15 часот во Полициска станица Бит пазар, 62-годишната К.Х. од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот се јавилo непознато лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во која повредила малолетно лице, нудејќи се да помогне ако за возврат му бидат исплатени 50.000 денари.

Според пријавеното, потоа се јавило друго непознато лице, кое плачејќи се претставило дека е нејзина ќерка. По настанот пријавителката разговорала со нејзината ќерка и констатирала дека станува збор за обид за измама. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега