Скопјанка паднала од тераса - итно однесена во Градска

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во околу 21:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на тротоар на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје било забележано повредено женско лице. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за 34-годишната Т.С. од Скопје, која според исказите на семејството имала здравствени проблеми и најверојатно паднала од тераса. Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

23.07.2021 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега