Скопјанка прегазена од велосипед - тешко повредена заврши во Градска

Скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако во нејзе удрил велосипед.

- На 15.01.2021 околу 12:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ велосипед, управуван од 50-годишниот Н.Ш. од Скопје, удрил во 62-годишната М.Ч. од Скопје. Во незгодата, М.Ч. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа