Скопјанка со својот автомобил удрила во неколку паркирани возила- со тешки повреди била пренесена во болница

Скопјанка со тешки телесни повреди била префрлена во болница, откако претходно, од засега неутврдени причини удрила во неколку паркирани автомобили.

-На 18.01.2021 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓурчин Кокале“, во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(35) од Скопје, удрило во неколку паркирани патнички возила - „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ј.(33), „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Н.(28), „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(63) и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.И.(32), сите од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. 

 Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2021 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега