Скопјанка тешко повредена- со автомобилот излетала од патот

Скопјанка вчера била повредена и со тешки повреди пренесена во болница откако со автомобилот изгубла контрола и излетала од патот.

„На 29.06.2020 во 10.40 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Побожје –  Радишани патничко возило „даеву матиз“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(43) од Скопје, излетало од коловозот.

По незгодата, Н.Г. била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди“ велат од полиција.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега