Скопјанка три пати се заразила со коронавирус - нејзината матична докторка објасни какви симптоми имала

50 годишна скопјанка по трет пат се заразила со ковид вирусот, објави Канал 5.

Сите 3 соеви коронавирус кои ги имаше во Македонија жената ги фатила, информираше нејзината матична докторка Мира Атанасова.

Овој пат се тестирала поради појава на горнореспираторни симптоми што е типичо за омикрон варијантата и поради повеќе заболени во организацијата во која работи.

-Кога велам горнреспираторни значи лесни симптоми, во смисла главоболка, грлоболка, благо покачена температура и општа млаксаност, слабост и болки во коски и зглобови.

Претходните прележувања, првиот пат во 2020 кога првиот резултат ПЦР позитивен тест го доби, беше со поблага лесна клиничка слика, меѓутоа вториот пат беше многу потешка клиничка слика и моравме да направиме подетални испитувањ и дури да направиме консултација со колегите од инфективна клиника, кажа Атанасова.

19.01.2022 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега