Скопје на врвот - во 5 градови во Македонија над 900 активни случаи на коронавирус

Министерството за здравство информираше дека во изминативе 24 часа регистрирани се 1039 ново заразени лица со коронавирус, 998 пациенти се оздравени, а 15 се починати.

Главниот град на Македонија се доближува до бројката 10.000 активни случаи.

Во моментов во Скопје има 9985 активни случаи, во Прилеп 982, во Тетово 946, во Куманово 915, а во Битола 905 активни случаи на коронавирус.

Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 24660, активни 9985
• Куманово 3482, активни 915
• Дебар 430, активни 80
• Штип 2466, активни 515
• Прилеп 2688, активни 982
• Тетово 3579, активни 946
• Струга 1306, активни 442
• Велес 1778, активни 709
• Битола 1765, активни 905
• Охрид 1429, активни 620
• Кавадарци 1077, активни 427
• Гостивар 2210, активни 795
• Гевгелија 672, активни 221 (49 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 120 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1564, активни 566
• Крива Паланка 398, активни 122
• Радовиш 394, активни 117
• Крушево 117, активни 75
• Кочани 1159, активни 290
• Пробиштип 327, активни 70
• Демир Хисар 179, активни 80
• Македонски Брод 148, активни 33
• Пехчево 95, активни 24
• Берово 335, активни 92
• Валандово 194, активни 71
• Виница 348, активни 171
• Делчево 405, активни 181 (112 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 145, активни 62
• Свети Николе 758, активни 212
• Кичево 1157, активни 545
• Ресен 414, активни 176
 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега