Скопје: Пешак загина откако го прегазил 18-годишник со „голф“

71-годишнен пешак загина во сообраќајна несреќа која вчера се случи во Скопје.

Во него удрило патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот И.Ј. од селото Брест. Несреќата се случила во 19:45 часот на крстосница помеѓу улиците  „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“.

Пешакот им подлегнал на повредите на местото на несреќата, а лекар од Итна медицинска помош  констатирал смрт, додека пак, возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

 

28.01.2023 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега