Скопје се „гуши" - Градот меѓу најзагадените градови во светот

Македонија повторно се гуши, а Скопје се најде на листата на најзагадени градови ви светот.

Скопје е меѓу десет најзагадени градови во светот, а пред Скопје се  Белград и Сараево.

По Скопје, на листата најзагадени градови е и Софија, главниот град на Бугарија.

Инаку, вчера најзагаден град во Скопје беше Аеродром со 457 микрограми ПМ10 штетни честички.

Беше загадено и кај Ректорат, во Карпош и Ѓорче, како и Миладиновци.

Од другите градови, најзагадено беше во Куманово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2019 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега