Славески: Буџет со погрешни проекции е нереален буџет

-За тековната 2021 година, која е појдовна основа за проекциите, министерството за финансии предвидува раст од 4,1%. Но високо-фрекфентните показатели за третиот квартал, од оваа тековната година упатуваат дека растот во втората половина од 2021 година најверојатно ќе биде низок или можеби негативен. Во септември 2021 година растот на индустриското производство изнесува - 8% додека градежништвото во јули и август забележува двоцифрен пад. Автомобилската индустрија во Република Македонија се соочува со сериозни проблеми во синџирите на снабдување. Сето ова упатува дека растот во 2021 година, најверојатно ќе биде значително понизок од предвидениот, ова го истакна на денешната прес-конференција Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-За 2022 година министерството за финансии очекува раст на БДП од високи 4,6%. Малку е веројатно дека оваа проекција ќе се оствари. Во изминатите пет години од практикување на власта од страна на СДСМ и ДУИ растот на БДП никогаш не надминал 4%. Притоа, нејасно е како ќе се оствари овој раст во услови на големи проблеми во светот со синџирите на снабдување, можната енергетска криза како и се уште присутната здравствена криза. Инфлацијата претставува дополнителен проблем, а во проекциите на министерството за финансии овие проблеми на волшебен начин исчезнуваат во втората половина од 2022 година, додава Славески.

-Ваквите нереални проекции придонесуваат за нереално проектирање на приходната страна на буџетот. Имено, министерството за финансии предвидува раст на даночните приходи од над 10% во 2022 година. Притоа, особено висок раст од 14% се предвидува кај Данокот на додадена вредност. Истовремено министерството за финансии предвидува раст на приватната потрошувачка од 3,5% и исто толкав раст на вработеноста. Повисоката цена на нафтата на светските берзи веројатно ќе придонесе за повисоки приливи по основ на ДДВ од увоз но сепак, раст од 14% на Данокот на додадена вредност е невозможен, истакна Трајко Славески.

 

05.11.2021 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега