Славески: Заев требаше да стои на зборот и да ја поднесеше оставката

Заев уште наредниот ден по објавување на оставката, да стоеше на зборот и да ја поднесеше ќе ги поштедеше граѓаните од сите овие драми. Мнозинството со кое е поднесена иницијативата за недоверба на влада ќе се потврди во четврток, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Трајко Славески во  Анализа на ТВ24.

Славески истакна дека новото мнозинство кое го формира опозицијата не е политички нестабилно затоа што ја одразува политичката волја на граѓаните кои тоа го покажаа сега на локалните избори.

- Во однос на тоа што велат дека такво мнозинство ќе има политичка нестабилност, не е точно затоа што политичка нестабилност има кога партиите на власт не ја одразуваат реалната волја на граѓаните, што се виде сега на изборите и тоа мнозинство на досегашната власт значеше неефикасна влада и зборува за тоа дека е неопходна нова влада со поголем капацитет која ќе ги решава проблемите на граѓаните.  Било каква влада, дали техничка или експертска е подобра од оваа на СДСМ во моментов, рече Славески.

Тој одговори и на обвинувањата на СДСМ за стратешките определби на новото мнозинство, затоа што како што рече ЕУ, НАТО и подобар животен стандард се определба и на ВМРО-ДПМНЕ, но определби и цели на партијата се и тие кои се далечни за СДСМ.

- НАТО, ЕУ и подобар животен стандард за кои зборуваат од СДСМ на граѓаните се определби и на ВМРО-ДПМНЕ, но имаме определби кои се далечни за СДСМ како искоренување на корупцијата, затоа што СДСМ ја врати земјата на ниво како што беше во 2004 и сме на срамното 111 место, никогаш не сме биле на ова место. Велат платите растат со 5%, но инфлацијата расте повеќе со 6% и треба реално да им кажат на граѓаните дека платите не растат колку што треба, граѓаните ги интересира што реално може да купат со 1000 денари, ако требало да купат литар масло со 60 денари сега е 100 денари, изјави Славески.

08.11.2021 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега