Славевски: Изјавата на Заев е непромислена, здравствените работници треба да добиваат бонуси

Сведување на администрацијата на минимална плата ќе ги затвори и секторите кои и понатаму можат да функционираат. Оттука, изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев е непромислена, бидејќи реално буџетот може да ги ограничи административците на неколку месеци да земаат средства на 80 отсто од досегашниот износ.

Ова се дел од ставовите на поранешниот министер за финансии, Трајко Славевски искажани денеска во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Славевски меѓу другото вели, во овој момент, кога глобална рецесија е низбежна, приоритет е да се вложува во здравството, полицијата и армијата.

„Оваа пандемија е привремена криза, но економските последици, односно рецесијата која тропа на врата на глобалната економија, ако не биде пресретната со брзи и одлучни мерки, може да има долготраен ефект. Основен приориетет е здравството да се обезбеди со се што треба. Има ограничувања на светскиот пазар. Ниту една компанија не била дизајнирана на тој начин да има залихи од типот на заштитни маски кои треба да се остават за медицинскиот персонал, машините или апаратите за дишење итн. Тоа е врвниот приоритет. Кинезите кои поминаа низ ова, укажуваат дека направивме грешка што нецелосно го заштитивме медицинскиот персонал. Ниту еден вработен не смее да остане без приход, ниту едно мало претпријатие или бизнис не смее да престане со работа како резултат на оваа несреќна трагедија. Ниту една компанија не смееме да дозволиме да ги прекине своите врски со добавувачите, работниците…но ако направиме грешка при економијата, последиците ќе бидат значително поголеми“, вели Славевски.

Според него, критично важно е кристално јасно да се постават работите за полесно да се прифатат мерките.

„Во првата фаза, затворањето на стопанските објекти, останувањето на работниците дома…затворањето на угостителските објекти, шопинг-моловите, треба да се сфати како мерка за заштита на јавното здравје. Нема никаква разлика меѓу средствата кои ги трошиме за државните и за приватните фирми за вработените и натаму да останат во тие компании. Ако се согласиме, а мислам дека веќе има консензус…мислам дека нема значителни разлики во мислењата за средствата потребни за подмирување. Од буџетските средства треба да се помогне за исплата на плати, оптималниот износ е некаде 50 отсто од бруто платата, што би дошло 70-80 отсто од платата на вработените во најзасегнатите сектори. Треба да се води сметка дека обврските на компаниите и граѓаните течат и покрај затворањата и немањето приход. Ликвидноста некои мали фирми ја обезбедуваат преку секодјевното работење. Предлогот е од месец март, веднаш да се исплатат тие средства. Ќе направиме штета ако се исплаќаат подоцна платите. Мислам дека треба времето да го застанеме на 17.март во 18 часот кога Пендаровски прогласи вонредна состојба. Платежните обврски на граѓаните и фирмите остануваат на книгите, тие понатаму ќе можат да се средат бидејќи економистите знаат како“, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега