Славевски: Ниту еден граѓанин не смее да остане без средства за живот

Вечерва во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа гостуваше професорот Трајко Славевски кој што воедно и е член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и говореше за економските последици од пандемијата на коронавирусот. 

„Потребно е да се зачува здравјето на граѓаните, здравјето на нацијата во овој случај. Затоа што како што гледаме сме оставени сами на себе со затворањето на границите во оваа ситуација. Од аспект на јавното здравје мерките кои што треба да се превземат она што се вика општествено дистанцирање, престанок на работен однос на одредени објекти, тоа веќе кај нас се случува каде што може да дојде до собирање на поголема маса на луѓе и побрзо ширење на пандемијата и во Македонија. Тие мерки од друга страна ве водат во рецесија, рецесијата е цената која што треба да се плати, цена која е оправдана во овој случај. Не е шок како што го имавме за време на финансиската криза во 2008 година туку е нешто кон што самите оправдано придонесуваме“, појасни Славевски. 

Славевски додаде дека вирусот ќе помине, но економските последици можат да бидат катастрофални и доглотрајни, ако со нив не се справиме на време.

„Ниту еден граѓанин не смее да остане без средства за живот во наредните месеци без разлика дали ќе биде со скратено работно време, дали ќе биде на принуден одмор или работодавачите и тие во неизвесност неочекувајќи некоја поголема поддршка од државата, мислам дека таа поддршка ќе мора да стигне, ги отпуштаат работниците од работа. Значи ниеден граѓанин не смее да ја доживее таквата судбина. Граѓаните треба да бидат свесни дека ќе имаат средства за живот, што и да се случи. Дека ниту еден семеен бизнис кој што добро функционирал, тука мислам на малите бизниси во угостителството, во транспортот, не смее да пропадне како резултат на оваа трагедија со коронавирусот. Ниту една голема компанија која што е солидна, која што успешно работела, која што сега ги губи врските со добавувачите со своите купувачи, не смее да дозволи тие врски да се искинат. Затоа што ова ќе помине. Ова е здравствен проблем кој за неколку месеци ќе помине“, истакна Славевски.

„Треба итен ребаланс со кој ќе се скратат сите расходи кои што не се есенцијални. Треба да се обезбедат сите потребни средства кои што ќе ги побара здравството за заштита на животите на граѓаните. Значи се што е потребно од заштита на здравствените работници, зголемување на капацитетите, кревети, соби за интензивна нега, целокупната опрема. И поддршка на оние граѓани кои што остануваат без работа барем во наредниве неколку месеци и фирмите“, посочи Славевски. 

Според Славевски, Македонија средствата може да ги обезбеди единствено преку задолжувања во странство.

„Треба во моментов да обезбедиме средства од странство, ние не смее Америка и Франција. Затоа што Америка може да отпечати колку сака долари, од светската валута која што сите ја саакат и по која сите трчаат во услови на криза, ние го немаме тој луксуз како мала неразвиена економија. Тие средства може да ги обезбедиме од надвор“, нагласи Славевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега