Славољуб е професорот кој ги спаси децата од вооружен напад во средно училиште во Србија - откри детали за инцидентот

Во Економското-угостителско училиште „Вук Караџиќ“ во Велика Плана денеска се одиграла вистинска драма.

46-годишниот Горан Т. упаднал во училиштето и испукал два куршуми од автоматска пушка во таван. Тој после тоа бил уапсен.

Во пукањето никој не бил повреден, а осомничениот бил совладан од професорот Славољуб Стојадиновиќ кој за Курир.рс раскажал што се случило.

-Се случи за време на шестиот час, ме повика моја ученичка да дојдам од фискултурната сала и рече дека вооружен маж упаднал кај него во училница. Истрчав од сала, чукнав на врата и го видов колегата како седи на катедра. Од десна страна здогледав вооружен маж и торба полна со оружје. Прашав кој е, но не ми одговори“, рекол професорот.

Тој рекол дека во еден момент мажот погледнал кон таблата.

„Тогаш им наредив на децата да излезат надвор. Јас брзо се изборив со него и успеав да го совладам. Си ја повредив раката за време на борбата“, рекол храбриот професор.

Напаѓачот бил уапсен од смедеревската полиција, а се наведува дека осомничениот е од околината на Велика Плана.

„Осомничениот денеска упаднал во Средното економско-угостителско училиште и испукал два куршуми во таванот“, било наведено во соопштението на српското МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега