Следи уште еден споен викенд - Потоа уште еден ден одмор

После овој продолжен викенд ни остана уште до крајот на 2019 година, а тој ќе го имаме дури до декември, односно. На 8. декември, недела паѓа празникот Св. Климент Охридсски, па се префрла за понеделник и со тоа се добива продолжен викенд.

Во октомври имаме уште еден плус неработен ден. 23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба.

Ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа:

За сите граѓани на РМ

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен, па со тоа добиваме и еден продолжен викенд во декември.

За граѓаните од католичка вероисповед

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега