Следува драстична промена на времето: УХМР со најнови информации

Времето во земјава претпладне ќе биде сончево со променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Од изутрина од север ќе започне да дува  умерен до засилен северен ветер со брзина над 60 км/час кој ќе биде најизразен долж Повардарието. Овој продор на студен воздух ветер ќе предизвика намалување на температурата, особено во северните делови и на истокот. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер кој на повисоко и кон исток повремено ќе има силен интензитет. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Утре поради продор на постудена воздушна маса ќе дува умерен, а долж поширокото Повардарие повремено силен северен ветер (над 60 км/час) што ќе предизвика во деновите од викендот намалување на температурата, особено во северните делови. Во деновите потоа ветерот ќе биде претежно југоисточен, а температурата тогаш ќе биде во пораст.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2021 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега