Словенците денеска прогласуваат крај на епидемијата

Владата на Словенија донесе одлука од денеска да не ја продолжи состојбата на епидемијата, додека одредени епидемиолошки мерки сепак ќе останат на сила.

Во Словенија, во последните 24 часа биле евидентирани само 24 нови случаи на коронавирус од 1.023 тестирани лица, што е 2,3 отсто од сите позитивни случаи.

Сепак, во Словенија, мерката за носење маски во затворено ќе остане на сила. Оваа мерка ќе биде на сила сѐ  додека земјата не влезе во „зелената фаза“, според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести (ЕЦДЦ), а епидемиолозите очекуваат дека тоа може да се случи кон крајот на јуни или во почетокот на јули годинава.

Покрај оваа мерка, ограничувањето на бројот на присутни на затворено ќе остане на сила.

Дека ситуацијата нема многу да се разликува од онаа за време на епидемијата, покажува и фактот дека ќе има посебни услови за присуство на концерти и други настани. За да присуствувате на манифестации ќе ви биде потребен негативен тест за коронавирус, тест за анти-тела или доказ дека сте вакцинирани.

Владата на Словенија продолжува да им укажува на своите граѓани да се вакцинираат, а како што велат, има доволно вакцини.

Тие исто така најавија дека викендов ќе се организира масовна вакцинација на помали места и тоа без закажување термин.

15.06.2021 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега