Словенечката Влада одлучи целосно да се дезинфицираат сите станбени згради во државата

Словенечката Влада на специјална седница, што се одржа надвор од Љубљана, односно во Брдо кај Крањ, одлучи сите станбени згради во државата комплетно да се дезинфицираат со цел да се намалат шансите за ширење на новиот коронавирус.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, оваа мерка ќе започне да се спроведува веднаш.

Според дополнителните мерки, што по полноќ беа објавени на интернет-страницата на словенечката Влада се регулира распоредот за набавка храна и продукти од маркетите.

Тоа што досега беше препорака ќе стане правило, односно од осум до 10 часот наутро, маркетите ќе работат исклучиво за пензионерите, инвалидизираните лица и бремените жени.

Владата одлучи и понатаму границите да останат затворени, освен за словенечките државјани кои се враќаат дома.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега