Словенечки лекар се заразил откако примил две дози од вакцината против коронавирус

Откако ги примил двете дози од вакцината против Ковид-19, словенечки доктор од Марибор сепак се инфицирал со вирусот.

Лекарот неодамна се вратил од Африка. Властите претпоставуваат дека можеби бил заразен со јужноафриканскиот сој, што сѐ уште не е докажано.

Како што јави телевизиската станица ПОП-ТВ, повторна инфекција е можна бидејќи ниту една вакцина не е стопроцентно ефикасна, а откако ја потврдиле инфекцијата со ПЦР-тест, тие постапиле според пропишаниот протокол и ги информирале епидемиолозите.

Како што изјави денеска на редовната владина конференција микробиологот Тјаша Жохар Чретник од Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна, на микробиолозите им треба најмалку една недела за секвенционирање на геномот на вирусот и за потврда на варијантата, а досега не е забележан ниту еден случај на јужноафриканската мутација во Словенија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2021 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа