Словенија: Бесплатни маски, во маркети не може без маска, забрането одење во друга општина…

Меѓу новите мерки кои се применуваат во Словенија, се и забраната за движење од една во друга општина на граѓаните, освен медицинарите и тие чија работа налага такво движење.

Зголемени се и овластувањата на полицијата, па таа ќе може да ги следи тие кои ги кршат мерките и преку мобилните оператори.

Во Ајдовчина и Випава секое семејство беспалтно ќе добие по десет заштитни маски.

За нас посебно интересно е и тоа што оние граѓани на Словенија кои се во странство, а државата им организира враќање дома, не плаќаат ништо.

Од синоќа, нова мерка е и дека во маркетите не може да се влезе без заштита, односно без носот и устата да бидат покриени со маска, шал, крпа или на било кој начин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега