Словенија со нови построги мерки

Словенија со нови построги мерки, властите предупредуваат дека  ова е последен момент за да се спречи италијанско сценарио.

Поради наглото влошување на епидемиолошката состојба, словенечката влада одлучи да воведе построги рестриктивни мерки кои ќе стапат во сила од понеделник, а не се исклучени и нови доколку продолжат негативните трендови.

– Епидемиолошката слика е лоша, се движиме кон најлошата состојба во епидемијата досега, изјави министерот за здравство Јанез Поклукар. Тој предупредува дека, со тренд од 3.000 или 4.000 новозаразени дневно, ова е последен момент за да спречат италијанско сценарио и колапс на здравствениот систем“.

Како последна мерка можно е да се овозможи работа и слободно движење само за оние кои се вакцинирани против ковид-19 или кои оздравеле и имаат имунитет, и воведување на онлајн часови или задолжително тестирање за сите ученици и студенти. Маски ќе треба да носат и вакцинираните, доколку се во директен контакт со други лица.

Во Словенија 53 отсто од населението е вакцинирано против ковид-19.

28.10.2021 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа