Снег во Македонија - екстремно ниски температури

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови облачно со повремени локални врнежи од снег кои ќе бидат со умерен, а во останатите делови со послаб интензитет. Ќе дува умерен северен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од минус 18 до минус шест, а дневната од минус 10 до минус три степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со врнежи од снег со послаб интензитет. Утринската температура ќе се спушти до минус 13, а дневната ќе се искачи до минус девет степени.

До четврток  ќе се задржи многу студено време со благ порaст на дневната температура, а позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во петок попладне и во сабота претпладне. 

 

 
 
10.01.2017 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега