Снимка од православна црква ги разлути верниците: Со света вода ги чистеа патиките (ВИДЕО)

 

Военото обвинителство на Балтичката флота започна истрага откако на Интернет се појави видео на кое се гледа како морнарите ги мијат чевлите со света вода, во капела во Калининград.

"Военото обвинителство на гарнизонот Калининград го проверува кршењето на законот за сузбивање на екстремизмот. Видеото покажува група од пет мажи, од кои двајца перат чевли во православната капела на катедралата Христос Спасител во Калининград", се вели во соопштението на руската флота.

Мажите се идентификувани и се членови на една од воените единици на Балтичката флота.

Доколку бидат гонети, военото обвинителство на Балтичката флота ќе се справи со тоа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега