Снимките од мајката која предозирана седи зад волан, додека бебето ѝ плаче на седиштето згрози светот - приказната доби пресврт

Приказната која стои зад ужасната фотографија од мајка која во 2016 година се предозирала во автомобил додека нејзиното бебе плачело на задното седиште од возилото, после три години доби пресврт.

Имено, фотографијата која ја објави полицијата, а на која се гледа Ерика Хрт во бесознание, со шприц во рака зад воланот, беше споделувана ширум светот и ги запрепасти сите кои ја видоа.

Кога ја затекнале предозирана, полицајците во Индијана ја оживеала со помош на две дози Наркен - назален спреј кој може да помогне при предозирање со хероин или други опојни средства. Во тој момент, Ерика била на условна слобода така што била осудена на 6-месечен програм за одвокнување под надзор.

Само два дена откако пристапила на програмата за одвикнување, ја видела својата фотографија на вести. Сега, три години подоцна, Ерика и нејзиниот 3-годишен син се повторно заедно и славата 3 години како е „чиста“.

„Се надевам дека луѓето видоа колку ниско паднав и дека ако они паднат во тој стадиум кога се подоле од дното, да знаат дека постои можност, дека и тие може да се вратат“, рекла сега 28-годишната насмеана мајка.

Таа почнала да пие лекови против болки на 15 години, но кога се видела себеси на постер за предупредување на младите, почувствувала вистинско понижување. Сепак, тоа ја натерало да го промени животот.

„Мојата фотографија која беше објавена ми се врежа во умот и ми помогна да сфатам што ќе ми се случи ако ми падне на памет да се обидам повторно“, рекла таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега