Снопче: Секоја држава има мафија, во Северна Македонија мафијата има држава

Секоја држава има своја мафија, а синоќа се докажа дека во Северна Македонија мафијата има држава, истакна денеска на прес-конференција во партиското седиште во Гостивар Халил Снопче од Алијанса за Албанците.

-Една Влада со 59 пратеници, се чатали и дрско се однесува кон граѓаните и бара спас преку уцени, закани, купување или киднапирање пратеници. Еден хибриден режим кој се повикува на европски вредности, а целиот нејзин мандат и крајот се карактеризира со постапки и скандали спротивни на тие вредности. Синоќа не потфрли новото мнозинство, а уште помалку опозицијата. Синоќа се вклучи алармот за сите граѓани и за меѓународната заедница. Синоќа се потврдија сите оценки на меѓународните организации за Северна Македонија, а се потврдија и сите наши предупредувања. Кога на избран претставник на народот му се оневозможува да си оди на работа, тогаш што може да биде со обичниот граѓанин, вели Снопче.

Соред него, синоќа не потфрлила Алијанса за Албанците.

-Не потфрли синоќа Алијансата за Албанците, таа само се зацврсти на страната на правдата, на страната на народот кој бара промени, а излегоа на виделина вистинските лица на оние кои се борат против промените и го бранат режимот по секоја цена. Битката продолжува, уште посилно, уште почисто, уште порешително, и тоа веднаш, рече Снопче.

 

12.11.2021 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега