Снопче:Гграѓаните не треба да бидат казнети за однесувањето на корумпираните и неодговорни политичари

 
 
„Алијанса на Албанците отсекогаш давала безусловна парламентарна поддршка за прашањата поврзани со евроинтеграциите и повикува на отворање на преговорите за членство на РСМ, бидејќи сметаме дека граѓаните не треба да бидат казнети за однесувањето на корумпираните и неодговорни политичари.
Сепак, како што предупредивме, врз основа на нашите информации од дипломатските кругови, ниту Советот на ЕУ одржан вчера на ден 14 декември не даде зелено светло за отворање на преговорите“, ова го истакна пратеникот од Алијанса, Халил Снопче на денешната прес-конференција.
 
„Без да сакаме да прејудицираме за исходот од европскиот самит и претстојните самити до крајот на годината, тоа што е воочливо од заклучоците на Советот на ЕУ објавени синоќа, се бројните критики упатени кон владата на СДСМ-ДУИ. Меѓу другото, во заклучоците на ЕУ се нагласуваат:
o) Недостатокот на независност и непристрасност на судството и потребата за вистински реформи во оваа област.
o) Проблемите во борбата против корупцијата.
o) Недовршената изборна реформа.  
o) Политизацијата на јавната администрација и потребата за почитување на принципите на транспарентност, заслуга и правична и соодветна застапеност.
 o) Недостатокот на парламентарен надзор над разузнавачките служби.
 o) Повредата на слободата на изразување и безбедноста на новинарите.
-На крај, заклучоците на ЕУ изискуваат конкретни резултати во имплементацијата на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија.
-Се разбира, режимот ќе ја обвинува Бугарија и кого не. Но, граѓаните веќе ја знаат вистината и немаат никакви очекувања од оваа криминализирана власт којашто секој ден работи во спротивност од европските вредности. Сите овие 20 години тие се кријат позади европските интеграции за да си ги наполнат нивните џебови и да го осиромашат граѓанинот, додека, европските интеграции како стратешка цел на земјата ги претворија во фарса со нивните последователни неуспеси“, истакна на својата прес-конференција.
 
Дополни деќа утре ќе го чекаат завршувањето на европскиот самит. 
 
„Но, сега веќе се е јасно, доколку не се случи некое чудо во текот на следните денови, Северна Македонија ниту оваа година нема да обезбеди датум за отворање на преговорите и покрај лагите и бајатите измами и манипулирања со датуми од страна на личности на режимот и од тие што им се приклучуваат во име на европските интеграции“, додаде Снопче.
15.12.2021 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега