Со 80 гласови „За“ донесена одлуката за пристапување кон измена на Уставот

 

Собранието на Република Македонија доцна вечерва со 80 гласа „за“  ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа.

Собранието со 75 гласа „за“ заклучи  најдоцна во рок од 15 дена да изготви предлог амандамни на Уставот и да ги достави до Собранието. Одлуката се објавува во Службен весник и стапува на сила веднаш.

Со ова се отвора патот за спроведување на Преспанскиот договор за промена на името, со цел Македонија да продолжи кон членство во ЕУ и НАТО.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во средата се откажаа од собраниска дискусија, а на денешната прес-конференција побараа оваа точка да се стави на гласање уште денеска, за да се потврди дека нема двотретинско мнозинство.

Собранието за следната недела има закажано седници на комисии, а за во среда е закажано продолжението на 61. седница.

Пратеникот Драган Данев побара поединечно изгласување на пратениците со цел гласањето да биде легитимно, бидејќи во мн случаи технологијата затајувала

Претседателот на Собранието Талат Џафери побара вратите да бидат заклучени за влез и излез додека се врши поединечното гласање.

 

 

 

19.10.2018 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега