Со автомобил го пресретнале на раскрсница во Прилеп, па го претепале

 

Прилепчанец вчера бил пресретнат од автомобил со непознати регистерски таблици, па по вербална расправија, бил претепан од три лица.

„Вчера околу 12.30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека на раскрсница на улица „Београдска“ со улица „Горан Миноски“, додека Г.Н.(52) од Прилеп управувал патничко возило „форд мондео“, со прилепски регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „фолксваген“, со непознати регистарски ознаки“ велат од МВР.

И двете возила запреле, и по вербална расправија, од возилото „фолксваген“ излегле две лица, на кои им се придружило уште едно, и физички го нападнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега