Со автомобил влетал во куќа во Нова Градишка, загинал на лице место (ФОТО)

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која вечерва околу 21 часот се случила во Нова Градишка, Хрватска.

Како што може да се забележи на фотографиите кои ги објавија хрватските медиуми, автомобилот влетал во куќа.

-Во Полициската станица Нова Градишка околу 21 часот примена е дојава за сообраќајна несреќа во која загина едно лице, велат од полицијата.

Како што јавува Индекс, загинал 40-годишен возач.

Автомобилот го пробил ѕидот и завршил во внатрешноста на куќата. За среќа во куќата немало никој за време на несреќата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега