Со автомобилот излетале од патот Кичево – Охрид, соптаникот со тешки повреди итно пренесен во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на магистралниот пат Кичево – Охрид, откако 52-годишен жител на селото Грешница излетал од патот.

-Вчера во 22.35 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Врбјани, И.А.(52) од с.Грешница, управувајќи патничко возило „цитроен пикасо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата, сопатникот Ј.Е.(45) од с.Зајас, кичевско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од полицијата.

 Увид извршила екипа од СВР Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2020 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега