Со голема мото поворка скопските мотроџии ќе се простат од својот другар Ангел кој загина вчера

Со голема мото поворка скопските моторџии ќе се простат од својот другар Ангел, кој вчера загина во тешка сообраќајна несреќа на патот после Велес.

Според информациите кои се објавени на социјалните мрежи, мото поворката ќе тргне во 13:30 часот пред Шарлота за да пристигне околу 14 часот на градските гробишта во Бутел каде што ќе биде погребан младиот моторџија.

“Погребот на Ангел ќе биде денеска на градските гробишта во Бутел, во капела ќе биде од 14 до 15 часот. Желба на семејството е да му се оддаде почит и последен поздрав со мотори, кој е во можност една група ќе биде во 13.30 на Шарлота од каде ќе се упатат кон градските гробишта.“ - објавија неговите пријатели на социјалните мрежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега