Со „голф“ удрил жена во Тетово – итно пренесена во болница

54-годишна жена е повредена откако во неа удрило возило марка „голф“ во Тетово.

-Вчера во 16.15 часот е пријавено дека во Тетово на кружен тек на бул. “Илинденска“ со бул. “М.Тито“ се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило марка “голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ш. (45) од село Горна Речица, тетовско, удрило во В.С. (54) од Тетово, се вели во соопштението од МВР.

В.С. била пренесена во Клинички центар Тетово, каде се констатирани тешки телесни повреди.

 

22.01.2022 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа