Со мотоцикл излетале од патот- двајца малолетници завршиле на Клиника

Двајца малолетници биле повредени откако со мопед изгубиле контрола и паднале на коловозот.

-На 10.05.2021 во 19.50 часот било пријавено дека на локален пат с.Брњарце-с.Стајковци, мопед „баотиан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од село Стајковци, скопско, изгубил контрола и паднал на коловозот, информираат од МВР.

Според пријавеното во незгодата со повреди се здобил возачот на кого му е укажана лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од село Стајковци, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа