Со помош на овие 3 состојки ќе го отстраните бигорот од вашето купатило - трикови кои ќе ви помогнат

Истурете 1/2 чаша оцет и 1/2 чаша вода во бокалот. Зовријте ја течноста и оставете ја да отстои околу еден час. Не го отворајте бокалот некое време. Ако вашиот бокал има голем капацитет, може да ја зголемите количината на течност, особено ако бигорот е насобран во дебел слој по ѕидовите. По еден час, истурете ја водата со оцет. Наполнете го бокалот со чиста вода, зовријте ја и истурете ја. Повторете го ова 2-3 пати. Благодарение на ова, ќе се ослободите од непријатниот мирис на оцет.

Лимонска киселина

Ова е најлесниот, најбрзиот и најбезбедниот метод. Сè што треба да направите е да го наполните бокалот со вода, да додадете 5 лажици лимонска киселина, да оставите водата со лимон да проврие и да ја оставите да отстои цела ноќ. Утрината, едноставно истурете ја водата со лимонска киселина, наполнете го бокалот со чиста вода, повторно провријте ја и истурете ја. По ваквиот третман, бокалот ќе биде како нов.

Како да го отстраните бигорот: домашни методи за чистење на електричниот бокал за вода

Сода бикарбона

Користењето на сода бикарбона за отстранување на бигорот е добра идеја. Ставете во бокалот малку топла вода и истурете 2 лажици сода бикарбона на дното. Содата бикарбона ќе се справи дури и со подебел слој на бигор во електричниот бокал.

Кока-кола

Одамна се зборува дека за чистење на тоалетот најмногу помага Кока-колата. Оваа слатка течност успешно се справува со нечистотиите. Ако сакате да го отстраните бигорот, едноставно истурете Кока-кола, дополнете го бокалот со вода и зовријте ја течноста. Во оваа течност може да додадете и една лажица сода бикарбона.

Ако не верувате во овие домашни методи, можете да купите средство за отстранување бигор, на пр. во форма на вреќички за еднократна употреба и да го исчистите вашиот бокал.

26.07.2021 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега