Со речиси 80% вакцинирано население Норвешка од денеска ги укинува анти-ковидмерките

Владата на Норвешка објави дека од денеска завршуваат рестриктивните мерки за заштита од ковид-19, со кои беа ограничени дружењата и интеракциите и кои заглавија многу дејности.

Норвешка е трета земја која ги отстрани домашните рестрикции, следејќи ги примерите на Данска и Британија.

„Поминаа 561 ден откако ги воведовме строгите мерки во Норвешка. Време е да се вратиме на нормалното секојдневие“, рече премиерката Ерна Солберг. Одлуката доаѓа откако дури 76 отсто од населението во Норвешка има примено барем една доза вакацина, додека 67 отсто е целосно вакцинирано.

 

25.09.2021 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега