Со велосипед удрил во столб и паднал - скопјанец итно однесен на Клиника

 

Скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако со велосипед удрил во столб, информираат од полицијата. Вчера во 16:30 часот на велосипедската патека од улица „534“ во село Марино, скопско, 63-годишниот Р.М. од село Марино управувајќи велосипед, удрил во бетонски столб и паднал.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Р.М. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Извршен бил увид. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2019 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега