Со возило излетал од патот, тешко повреден маж од Гевгелија

 

49-годишен гевгеличанец со возилото излетал од регионалниот пат Градско – Неготино.

 

Како што соопшти полицијата, несреќата се случила вчера околу 15:00 часот, а гевгеличанецот возел патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки.

 

-Возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Велес.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега