Сочувство од Иванов до белгискиот крал Филип

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод терористичките напади во Брисел упати сочувство до белгискиот крал Филип.

- Со длабока загриженост ја примив веста за грозоморните напади  во Брисел. Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство и да Ве поддржам и охрабрам во истрајноста и решителноста во борбата со тероризмот, насилството и злосторничките акти, без разлика од каде и од што се мотивирани. Најостро го осудувам овој терористички напад и ја споделувам големата болка за трагичната загуба во кукавичкиот акт. Ве молам, изразите на длабоко сочувство и нашата солидарност да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите, се наведува во телеграмата од Иванов.

 
 
22.03.2016 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега