СОНК се надева на рационална одлука за старт на новата учебна година

Самостојниот синдика на образованието, науката и културата, СОНК преку социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека се надева оти Комисијата за заразни болести и Министерството за образование ќе донесат рационална одлука за почеток на новата учебна година.

-Убедени сме дека како приоритет ќе им биде здравјето на учениците и врабоните во училиштата пред моделот на изведување на наставата, се вели во кратката објава на Фејсбук.

 Се надеваме дека денес комисијата за заразни болести и МОН ќе донесат рационална одлука за почетокот на новата учебна...

Posted by Самостоен синдикат за образование, наука и култура - СОНК on Monday, 10 August 2020

Според досегашните најави, денеска МОН треба да ги соопшти протоколите за реализација на трите видови настава во зависност од епидемиолошката состојба – физичко присуство, онлајн настава и комбинирана. Надлежните уверуваат дека до 1 септември има доволно време за организирање на почетокот на учебната година и сите училишта да се подготват за спроведување на протоколите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега