Сообраќајка на патот Кочани-Зроновци: Автомобил удри во мотоцикл

 

Четири лица се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа на регионалнииот пат Кочани - Зрновци, информира МВР.

Синоќа во 01:00 часот се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „БМВ“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Б.М. од село Тркање и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 26-годишниот К.Г. од Зрновци, кои потоа удриле во паркирано патничко возило „Фиат Браво“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на 21-годишниот Ф.М. од Зрновци.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „БМВ“ и сопатничката М.А., а со повреди се здобиле и возачот на мотоциклот и сопатничката Т.З. од Зрновци. Увид извршила екипа од Полициската станица Кочани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2019 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега