Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар: Автомобил удри во заштитна ограда и се преврте, сообраќајот се пренасочува

 Две лица се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Гостивар по излетување на возило од коловозната лента. Соообраќајката се случила околу 15 часот и 20 минути на автопатот во близина на клучката за Жеровјане, поради што во прекин е сообраќајот и и возилата се пренасочуваат по околните патиша.

– Патничко моторно возило „фокус“ со гостиварски таблици излетало од коловоз, удрило во заштитната ограда и се превртело. Во незгодата две лица, маж и жена се повредени и пренесени во тетовската клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово.

Поради сообраќајката започнат е и увид на местото. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега