Сообраќајка во Скопје: Повреден мотоциклист

 

Во сообраќајка во Скопје, вчера повреден бил мотоциклист по што со тешки повреди бил пренесен во Градската болница.

Според пријавеното на 27.06.2020 во 06.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Горно Лисиче“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(76) од Скопје и моторцикл „меидуо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(34) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.06.2020 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега