Сообраќајка во Скопје: Се судрија возило на МВР и „ивеко“

Вработен на МВР се здобил со повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Скопје.

„На 03.05.2021 во 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР и товарно возило „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д. од Скопје. Во незгодата, возачот на возилото „шкода јети“ се здобил со повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид“, соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега