Сопреле авомобил натоварен со дрва - наместо да се легитимира нападнат бил полицаец

 

Полицијата сопрела возило натоварено со дрва, а возачот одбил да се легитимира, а нападнат бил и полилаец.

„На 23.09.2020 околу 18.30 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, натоварено со дрва.

Возачот одбил да се легитимира, а при обид да го приведат, се собрале повеќе лица, а едно од нив нападнало полициски службеник“ велат од МВР.

Возилото со дрвата било однесено во ПС Драчево и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа