Сопругата му подарила скок од авион за 30 годишнината од брак, но се завршило трагично- добил падобран полн со дупки

Британец  кој загинал при скок од авион со падобран над Големиот Кањон во САД добил падобран со дупки, соопштува локалната полиција.

Крустофер Сволс (50)  од сопругата за 30 годишнина од брак добил подарок да скоксне со падобран од авион, но за жал првиот негов скок завршил трагично.

Британецот, инаку татко на две деца, настрадал по падот, додека пак инструкторот го преживеал падот и имал само скршена нога.

Истражувачите откриле дека падобранот со кој скокнал бил полн со дупки, но од компанијата велат дека тоа било несреќен случај и истакнала дека опремата била исправна.

„Падобраните како и комплетната опрема се одржува по правила“ истакнал Прагон.

Американската фирма го обвинила инструкторот кој инаку е воено лице, дека почнал да паничи и дека премногу остро вртел откако го промашил местото за слетување.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега