Сопругата на Милевски за Сител: Невини луѓе се рушат со лаги и измами

Мелина Милевска, сопругата на Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“ во изјава за Сител вели дека објавените за објавените снимки поврзани со случајот кои ја разбрануваа јавноста изминатиов период, се невистини. Обвинителството веќе отвори предмет за објавените снимки.

Нејзиното обраќање ви го пренесуваме во целост:

„Ви се обраќам после последните случувања, кои беа директен атак врз интегритетот и достоинството на моето семејство. Ви се обраќам истовремено  како човек пред се како мајка и жена...До кога ќе се молчи за ова што се случува ?? Дали треба жртви да сме ние семејствата, жените, децата, родителите..??До кога ќе може кој што сака да каже за било кого само да плати некоја тарифа за текст по нарачка или реклама да уплати.Има ли крај на ова лудило? Треба ли нашите деца да израснат  во психички стабилни луѓе или треба да ги уништиме од најмали? Треба ли нашите родители да си имаат мирна старост или треба да ги приумреме што побргу од стресовите што ги гледаат овие гнасотии и лаги !! Зошто не ги оставите на мир семејствата, децата, родителите? Нели е тоа еден чин на храброст дека тие не треба да бидат жртви во валканите игри што ги играте.. До кога "вистината" ке ја креираат тие што плаќаат за да уништуваат невини деца..стари родители и луѓе кои никого не повредиле. До кога ќе го дозволиме ова самоуништување? До кога нашите судбини ќе бидат на лицитација? Зарем немате деца? Зарем немате родители? Како и ви било вам ова да ви се случува? Знам дека денеска секој за пари секаква лага и гнасотија може да измисли и да ја претстави како вистина. Но, дајте ве молам како човек, како мајка на 5 деца. Ве замолувам да бидеме посвесни како луѓе да не дозволиме да потпаѓаме на лаги..на кафански муабети на пијано..Не е добро за сите нас како луѓе..како народ. Денес моето семејство е на тапет во овие гнасотии и лаги , утре можеби ќе бидете вие или вашите деца. Ве замолувам уште еднаш да бидеме на страна на вистината и да не се шири злоба, омраза навредување и рушење на интегритет во овој случај на мојот сопруг и нашето семејство. Се надевам дека моето искрено обраќање до вас ке вроди  со плод и сите заедно ќе се престане со напаѓање и уништување на она што е најсвето, семејството“, кажа Милевска за Сител.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега