Сопругата на Пендаровски дел од посебниот здравствен избирачки одбор (ФОТО)

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска денеска беше дел од посебниот здравствен избирачки одбор за спроведување на правото на глас на инфицираните со Ковид-19.

-Изборите во услови на пандемија се исклучително ретки, но и тогаш треба да им се овозможи на луѓето кои се засегнати од неа да го остварат своето право на глас. Денес, како лекар, ја исполнив граѓанската обврска, но и професионалната должност базирана на Хипократовата заклетва и бев дел од посебниот здравствен избирачки одбор за остварување на правото на глас на граѓани во самоизолација/болни од Covid-19, напиша таа на Фејсбук.

Изборите во услови на пандемија се исклучително ретки, но и тогаш треба да им се овозможи на луѓето кои се засегнати од...

Posted by Elizabeta Gjorgievska on Monday, 13 July 2020

13.07.2020 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега