Сопствениците за време на полицискиот час домашните миленичиња ќе може да ги шетаат во востановените термини

Во врска со измените и дополнувањата донесени на 56-тата седница на Владата за време на претстојниот викенд ги потсетуваме граѓаните дека времето за прошетки на миленичињата останува во востановените термини.

Граѓаните, во периодот кога важи забраната за движење, своите миленичиња ќе можат да ги изнесуваат наутро од 08:00 до 08:30 часот, потоа попладне од 15:00 до 15:30 часот, како и навечер од 20:00 до 20:30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита, соопштија од Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега