Сопственикот на „Беса Транс“: Патниците ги сметавме за фамилија, четири дена бевме заедно во Истанбул

Вчера сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, на социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со фаталната несреќа во која трагично загинаа 45 македонски патници, а 7 успеаа да преживеат. Во статусот тој потенцира дека патиниците му биле како фамилија, а во Истанбул биле заедно четири дена. 

,,Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување. Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за фамилија. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира”, напиша Хаџиу на Фејсбук.

Инаку Љубомир Јовески, државниот јавен обвинител, инфомираше дека веќе е отворена истрага за „Беса Транс“. 

28.11.2021 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа