Сораја доби прстенот од 150.000 евра

Српските медиуми објавуваат дека познатата старлета Сораја Вучелиќ, добила понуда за брак и дека ќе се омажи за богат Русин по име Владимир.

Како што пренесува „Информер“, станува збор за наследник на руски тајкун, но Сораја не сака да изнесува во јавноста детали за својот вереник.

-Не сакам да го коментирам својот приватен живот. Се надевам дека никогаш нема да дознаете кој ми е момче. Вистината е дека се заљубив во најубавото момче на светот. Освен убавината, поседува и други квалитети на коишпто дефинитивно паднав. Не паметам кога сум била посреќна, изјави старлетата за „Информер ХИТ“.

Како што пишува магазинот, врската на Сораја и на Владимир траела три месеци пред старлетата на својата рака да го стави прстенот вреден 150 илјади евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2019 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега